Нено е нашиот столб, чекаме на Шортс, а Јакимовски пристигнува.

Кошаркарскиот тренер Марјан Илиевски и Кошаркарската федерација на Македонија потпишаа четиригодишен договор, кој е насочен кон тоа Македонија да се подготви за претквалификациите со расположливи ресурси, а потоа да се пристапи кон подмладување и иновации во сениорскиот состав.

Ситуацијата со странскиот играч во тимот е несигурна, бидејќи договорот на Ти-Џеј Шортс со Македонија истекува и се чека одговор од него.

„Се наоѓаме во комплексна ситуација и е тешко да се коментира моменталната состојба. Наша задача е да размислуваме за иднината. Очекувам од себе, мојот стручен тим, но и од медиумите и клубовите да сме активно вклучени во создавањето на оваа селекција. Контактот со клубовите е особено важен, бидејќи тие мора да влијаат на играчите кои ке носат репрезентативен дрес. Се надевам дека нема да имаме проблеми со некои играчи, како во минатото кога системот за репрезентативци создаваше недоразбирања, особено во врска со повисоки ваучери. Моја молба до сите клубови е да размислуваат за доброто на кошаркарската репрезентација, независно од ваучерскиот систем“, изјави Илиевски.

Во однос на странското име, договорот со Ти-Џеј Шортс е завршен, но не знаеме со што точно ќе располагаме и каков ќе биде составот. Андреј Јакимовски изрази желба да учествува во првиот прозорец на август, иако има обврски со летната лига. Најави дека ќе задоцни од пет до шест дена, што е слично и со другите играчи. Иако е неблагодарно да се зборува за недостаток на најдобрите плејмејкери во Европа, ако некој од играчите не биде заинтересиран да биде дел од репрезентацијата, ќе бараме решение со странски играчи со македонски пасош. Сепак, оние кои нас интересираатичнито се активни и играат натпревари. Како тоа ќе се одрази на нашите идни потреби, останува да видиме. Очакавме да заврши денешната прес-конференција за да зборуваме со останатите играчи. Среќни сме што Јакимовски ќе биде дел од оваа приказна, а за сè останато, немам конкретен одговор.

Ненад Димитријевиќ е важен дел од нашиот тим. По завршувањето на оваа ситуација, прва работа што ќе ја направам е да се обратам кон него. Последната сезона не беше онаа која ја очекувавме. Верувам дека за него следат подобри времиња, со нови клубови и тренери, а ние како стручен штаб сакаме да го имаме во нашиот тим“, рече Илиевски.

Првата задача на Илиевски ќе биде настапот на Македонија во август во втората фаза од претквалификациите за Светското првенство 2027. Наши противници се тимовите на Романија и Унгарија, а само двете најдобри репрезентации од групата ќе се искачат во главниот квалификациски циклус.