Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално е промовиран за нов член на Зенит.
Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со рускиот клуб по успешната сезона во редовите на Олимпија Милано. По проблемите со тренерот Еторе Месина и неочекувано помалата минутажа, Ненад одлучи да ја напушти екипата.
Тој веќе има искуство во ВТБ лигата, каде што две сезони настапуваше за Уникс. Со тимот од Казањ успеа да освои шампионска титула во регионалното натпреварување, а исто така доби признание како МВП во плејофот и во основниот дел од сезоната.




