„Нема те“ – новата песна на Огнен Здравковски што ќе ја слушате без престан – Вести

По успешниот хит „Ломи ме“, кој излезе пред еден месец и стана голем успех, Огнен Здравковски повторно наштурчува емоции со новото дело „Нема те“. Во момент кога активнo работи на нови композиции, насочени кон соседните пазари и учествува во продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, Огнен уште еднаш потврдува дека неговата креативност никогаш не запира.

„Нема те“ не е само песна – тоа е музичка исповед. Ова дело ја пренесува болката од загубата и љубовта која останува како лузна, нежно ехо во срцето. Музиката и аранжманот се авторство на Димитар Андоновски, додека текстот потекнува од еден од најдобрите текстописци во регионот – Милан Милетиќ.

Песната доби визуелен израз преку атрактивен видеоспот, снимен на неколку идилични локации, делумно во прелепиот хотел „Изгрев“ во Струга, со поддршка на Фибула травел. Видеозаписот прикажува прекрасни пејзажи кои совршено ја надополнуваат интензитетот на песната. Продукцијата е во рацете на српската Сник медиа, а режијата ја потпишува Никола Шуњевиќ во соработка со македонскиот креативец Дарко Јовановски – Даре Дете, кој со својот посебен сензибилитет внесе душа, топлина и личен печат во секој кадар.

Прочитајте и:  Министерството за здравство: Забележително намалување на новопрегледаните пациенти во Гостивар

„Нема те“ е уште еден доказ дека Огнен Здравковски е уметник кој расте и се развива, осмелувајќи се да ги пренесе своите длабоки чувства. Неговата музика, талент и визија сè повеќе надминуваат границите на домашната сцена и привлекуваат внимание во регионот.

Кога искрената емоција, квалитетната музичка продукција и природната убавина се споени, резултатот е парче уметност кое го допира срцето.

Погледнете го видеото за „Нема те“ и дозволете на музиката да ве однесе на места каде што зборовите не можат да стигнат.