Нека почне новото филмско патешествие: Отворено 47. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Битола повторно стана домаќин на врвните кинематографери и нивните извонредни авторски дела. Секое враќање во Битола не е само враќање кон традицијата, туку и кон патеката која од овде никогаш не престанува. Вечерашната свеченост започна со музички перформанс под диригентската палка на Џијан Емин и настап на BitVox. – Пред повеќе од сто години, кога за прв пат се појави…