Негова животна желба е да настапува за Реал

Ленарт Карл (17) е роден во Фрамерсбах, Баварија, а досега целата негова кариера е поврзана исклучиво со Германија. Овој млад германски интернационалец стана еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, но сонот му е да игра за шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Во недавна изјава, Карл предизвика многу реакции среде интервју и средба со навивачите, што резултираше со незадоволство кај фановите на Баерн.

„Баерн е навистина голем клуб и за мене е сон да играм тука“, изјави Карл, но потоа додаде: „Но, во одреден момент, дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид. Се надевам дека ова ќе остане меѓу нас.“ И покрај желбата за приватност, видеото од неговата изјава брзо се прошири на социјалните мрежи, што дополнително ги налути навивачите на Баерн.