Не сакаме приемот на Украина во ЕУ да доведе до конфликт

Проблемот со интеграцијата на Украина во Европската Унија е војната. Ако бидеме дел од ЕУ со Украина, неизбежно ќе ги внесеме и последиците од конфликтот, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан при неговото пристигнување во Брисел на Самитот на блокот.

„Не би сакале да бидеме дел од заедница со земја која е во војна и која претставува непосредна закана за нас. Ако некоја земја членка на Европската Унија е во конфликт, тоа значи дека целата Унија е во војна, а тоа не го посакуваме“, рече Орбан.

На прашањето дали неговиот став ќе се промени доколку биде објавен прекин на огнот, тој одговори: „Да, но таков прекин во моментов не постои“.

Прочитајте и:  Напад во хотел во Петровец – повредена една личност и уништен инвентар

Обрнувајќи се кон преговорите за трговскиот договор помеѓу Европската Унија и САД, Орбан изрази скептицизам за вештините на европските преговарачи.

„Проблемот е што од американска страна имаме силен преговарач, додека од наша страна, ЕУ не е доволно силна“, заклучи Орбан.