Преживеаниот од авиоската несреќа на Ер Индија
Вишвакумар Рамеш, единствениот патник што ја преживеа трагедијата на авионот на Ер Индија, во кој загинаа 241 лице, откри дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со огнени пламенови, урнатини и изгорени тела.
Сместен во локална болница, Рамеш изјави за индиската национална телевизија дека авионот изгледал како да „заглавил“ во воздухот неколку секунди по полетувањето. Иако се обидел да забрза, не успеал да се искачи, по што се урнал на земјата.
Тој седел на седиштето 11А, во делот на авионот кој паднал на покривот на зграда. По отварањето на вратите, имал можност за бегство; се одврзал и успеал да излезе од авионот.
„Кога ги отворив очите, сфатив дека сум жив“, изјави Рамеш, кој е државјанин на Велика Британија.
Задобил изгореници на левата рака и, во шок, пешачел некое време, пред локалните жители да дојдат да му помогнат и да го пренесат со брза помош до болница.
Индискиот премиер Нарендра Моди го посети местото на несреќата и лично разговараше со преживеаниот. Преживеаниот сподели: „Ми раскажав сè што видов. Тој ме запраша и за моето здравје“.
Неговиот лекар, д-р Давал Гамети, изјави дека пациентот бил дезориентиран и со повеќе повреди, но не е во животна опасност.
На крајот, Рамеш патувал со својот брат, кој во оваа несреќа загина.