Последниот натпревар од 14-то коло на холандското фудбалско првенство помеѓу Ајакс и Гронинген беше прекинат уште во седмата минута поради огномет создаден од домашните навивачи.
Оваа ситуација започна со првиот прекин во шестата минута, кога навивачите запалија факели во чест на еден од своите членови кој трагично ги напушти минатата недела. Судиската тројка, предводена од Бас Нијхуис, ги испрати играчите во соблекувалната.
По повеќе од 40 минути пауза, натпреварот продолжи, но повторно следеше огномет, кој предизвика судијата да го прекине мечот.
„Не можам да ја гарантирам безбедноста на играчите. Ова е неприфатливо однесување“, изјави Нијхуис за ESPN.
„Не би сакал безбедноста на играчите да ми биде на совест. Мора да се преземат мерки, бидејќи ова е просто лудо“, додаде тој.
Здружението на навивачи на Ајакс се дистанцираше од ваквите постапки.
„Силно се дистанцираме од било каква акција што му нанесува штета на клубот, особено од онаа која ја загрозува безбедноста на играчите и навивачите. За жал, добросрдечните навивачи и самата институција сега трпат последици од тоа“, изјавија од здружението.
Обата клуба ќе мора да чекаат на одлуката на Холандската фудбалска асоцијација (KNVB) во поглед на продолжувањето на натпреварот, како и на тоа дали воопшто ќе се одигра.
Натпреварот најверојатно ќе се одигра без присуство на навивачи на стадионот, а резултатот беше 0:0 во моментот на прекинот.




