Навивачите на Реал бараат отказ за Мбапе преку петиција

Навивачите на Реал Мадрид започнаа онлајн петиција со цел да го убедат клубот да го разреши Килијан Мбапе.

Петицијата, иницирана по критиките од дел од навивачките групи, брзо се прошири на социјалните мрежи.

Во неа се повикуваат фанатиците да ја изразат својата желба за промени и да се активираат за да биде постигната оваа цел.

Во последно време, Килијан Мбапе се соочуваше со бројни критики во врска со неговото однесување и игра, а ситуацијата кулминираше кога, и покрај повредата, се упати на мини одмор на Сицилија, за време кога неговите соиграчи се подготвуваа за натпреварот со Еспањол.

Импресивно е тоа што за помалку од 24 часа, петицијата за отпуштање на Мбапе доби поддршка од дури 1.403.681 навивач на кралскиот клуб.

Прочитајте и:  Министерот за одбрана на САД: Прашањето за муницијата е преувеличено

Foto/ depositphotos