Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе се задржи до четврток. Од петок и за време на викендот се најавува стабилизирање на временска состојба со пораст на дневните температури
Денеска времето во земјава ќе биде наутро студено, а преку денот претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег.


Утринската температура ќе се движи во интервал од минус девет до нула Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од минус три до пет степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно и студено, со услови за повремен слаб снег. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до четири Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе се задржи до четврток. Од петок и за време на викендот се најавува стабилизирање на временска состојба со пораст на дневните температури. За разлика од дневните, утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нулата, а наместа ќе се спуштат и под минус 10 Целзиусови степени. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.