Никол Кидман имала можност да соработува со бројни познати личности во текот на својата кариера, но неодамна сподели зошто никогаш не би снимила филм заедно со својот сопруг, Кит Урбан.
„Ние сме заедно во реалниот живот, не е потребно да се појавуваме заедно на екран. Нашиот живот веќе е една голема претстава“, изјави актерката за време на премиерата на втората сезона на серијата „Девет совршени странци“.
Никол и Кит се запознале во 2005 година и веднаш се заљубиле. Сепак, за да ја покани на состанок, Кит чекаше четири месеци, а во 2006 година, на нејзиниот роденден, ја изненади со цвеќе рано наутро, во пет часот.
Тие склучија брак истата година.