Со успешен старт, првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода започна, навестувајќи нова културна традиција во општината. Првата вечер беше исполнета со празничен дух и голем интерес од страна на посетителите, во Домот на култура „Билјана Беличанец“.
Денес, 04.01.2025 (недела), со почеток во 20:00 часот, во рамките на вториот фестивалски ден ќе се изведе театарската претстава „За нас почнува живот“, во интерпретација на Театарското здружение „МАНА“.
Режисер на претставата е Дејан Пројковски, а главните улоги ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви. Препорачаната возраст за посетителите е над 16 години.
Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број места, потребно е да се резервираат карти до 04.01.2026 година до 16:00 часот, контакт информации:
Даниела – 075/380-928
Верица – 071/804-474
Божикниот театарски фестивал продолжува и утре, 05.01.2026, со интересена програма: во 18:00 часот ќе се изведе претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, под режија и сценарио на Десанка Глигоријевиќ, со учество на Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски. Во 19:30 часот на ред е претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска.
Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од Божикниот театарски фестивал, кој се одржува во Домот на култура „Билјана Беличанец“.




