Фотографија: Shutterstock.com
Во последно време, NASA ги прецизираше шансите за судир на еден од астероидите кои ги следи со Земјата. Астероидот наречен 2024 YR4, претходно имаше регистрирана веројатност од 3,1% да се судри со нашата планета во 2032 година, што беше највисоката забележана шанса за објект со вакви димензии. Но, новите пресметки покажуваат дека и таа мала веројатност е дополнително намалена, сега сведена на околу 0,004%. Од NASA посочуваат дека астероидот се уште има мала можност да се судри со Месечината на истиот датум, во декември 2032 година, со ризик од 1,7%. Иако оваа шанса е мала, агенцијата и понатаму редовно следи голем број на тела со траектории блиски до Земјата.
„NASA значително го реафирмира намалувањето на ризикот од потенцијален удар на астероидот 2024 YR4 на Земјата. Кога првобитно беше откриен, ова небесно тело имаше минимална, но значајна веројатност за судир со нашата планета во 2032 година. Со континуирано вреднување на новите податоци кои пристигнуваа до Центарот за мали планети, експертите од Центарот за проучување на објекти блиски до Земјата при Лабораторијата за млазен погон (JPL) на NASA успеаја да развијат попрецизни модели на неговата траекторија. Сега, тие утврдија дека нема значителен потенцијал овој астероид да удри во Земјата во следните сто години,“ напоменаа од NASA.




