Македонската фудбалска репрезентација интензивно се подготвува за својот следен натпревар, кој ќе се одржи на 31 март во Даблин, против Република Ирска.
По последниот дуел со Данска, играчите се концентрираат на исправка на грешките и подобрување на формата пред новиот предизвик.
Љупче Дориев смета дека тимот одигра одлично прво полувреме против Данска, но дека непредвидениот момент во второто полувреме ја променил динамиката на натпреварот.
„Мислам дека првото полувреме беше одлично, но по брзиот гол на почетокот на второто полувреме, бевме малку дестабилизирани. Се виде дека влеговме во шок и кратка деконцентрација, што нашиот противник го искористи. Станува збор за квалитетна репрезентација, но ние продолжуваме напред“, изјави Дориев.
„Сега нè очекува натпревар со Ирска и мораме да гледаме напред, со високо кренати глави и позитивна атмосфера. Верувам дека следат добри натпревари. Овој натпревар против Данска беше нашиот прв со новиот селектор и нова визија. Имаме квалитет, потребно е само да го споиме во целина“, додаде тој.




