„Народен пратеник“ од МНТ доби Специјална награда за колективна актерска игра на 70-то Стериино позорје во Нови Сад.

Според соопштението на МНТ, одлуката е донесена едногласно.

„Концептот според кој поединецот на сцената има значење само во рамките на групата, која комуницира преку заеднички дух и каде сите се поврзани, е јасно изразен во оваа претстава. Тоа ја покажува и докажува важноста на МНТ во театарот на нашите простори и по подолго време го враќа МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал“, се вели во соопштението на Националниот Македонски Театар.