Фото: Google преку 9to5Google.com
Дизајнот на Android претставува зона која чека промени, нешто што го препознале и од Google. По неколку неофицијални наводи за промени во дизајнот, сега е јасно во кој правец се движат, благодарение на блог пост кој случајно излезе порано од планираното. Овој пост е сега отстранет, но може да се прегледа преку Wayback Machine, иако фотографиите не се достапни. Новата верзија на Material Design е именувана како Material 3 Expressive, и Google истакнува дека зад неа стои нивното најамбициозно истражување досега.
Целта со новите дизајнерски правила е замена на моменталниот „едноставен“ и „запчан“ стил кој ги прави апликациите прилично слични. Material 3 Expressive воведува повеќе бои и практични промени со цел да го унапреди корисничкото искуство и да го направи поинтуитивно. Од отстранетиот сајт се согледува дека Google ја пременува својата стратегија, но ќе треба да почекаме до Google I/O следниот месец за повеќе детали.
Google нагласува дека Material 3 Expressive ќе се фокусира на боите, формите, големините и движењето на елементите. Ова ќе помогне корисниците побрзо и полесно да ги идентификуваат потребните елементи, наводно до 40% побрзо. Некои од промените може да бидат инспирани од iOS, а новостите кои доаѓаат за следната верзија од системот веќе се присутни на iPadOS. Пример за ова е новата „лебдечка“ навигациска лента, која нема да ја зафаќа целата ширина на екранот.
Google посветиле значително внимание на развојот на Material 3 Expressive, со сериозни истражувања што вклучуваат анализа на движењето на очите на корисниците, емоционални реакции, како и брзината на ориентација со новиот интерфејс. Резултатите укажуваат на подобрување од околу 30% во перцепцијата на дизајнот, неговата модерност и смелост.