Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази уверување дека неодамнешниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“, нагласувајќи дека операцијата ќе продолжи во наредните денови.
„Успеавме да ги погодиме високите команданти, важните научници кои работат на развојот на нуклеарно оружје и самите нуклеарни инсталации. Остваривме значајни резултати. Но, свесен сум, а и вие, дека војните не се лесни“, изјави тој во видео обраќање, присутен покрај министерот за одбрана Израел Кац, министерот за стратешки прашања Рон Дермер, министерката за финансии Безалел Смотрих, шефот на партијата Шас Арјех Дери, и министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, како што јавува Тајмс оф Израел.
Нетанјаху истакна дека Израел се наоѓа во клучен историски момент.