Намирници кои прават да мирисате на пот …

Потењето, како и мирисот што се ослободува при тој процес, не зависи само од степенот на физичка активност, туку во голем дел и од исхраната.

Зачинета храна

Внесувањето на премногу зачинета храна ја зголемува количината на сулфур во организмот, кој пак се елиминира од телото преку порите на кожата и дишењето.

Црвено месо

Црвеното месо бавно се вари во организмот и доведува до зголемено потење.

Алкохол

Внесувањето на преголема количина на алкохол резултира со појава на непријатен мирис. Околу 10 проценти од внесената количина останува непреработена од организмот, а се ослободува преку потењето, при што доведува до непријатен мирис.

Брза храна

Претераното консумирање на брза храна доведува до натрупување на масни клетки во телото, што е главна причина за потењето и непријатниот мирис. Брзата храна се вари долго и ослободува разни токсини и соединенија кои не само што не се добри за нас, туку ни за нашата околина.

Прочитајте и:  Ѓоковиќ година и пол бил на ригорозна диета: Не јадел 16 часа дневно, а денот го започнувал со овој пијалок

Млечни производи

Богати се со протеини, а варењето е бавно. При тоа, се ослободува сулфур, водород и метил мерцаптан, кои заедно предизвикуваат непријатен мирис.

Тутун

Се разбира, тутунот не мириса пријатно. Тој лош мирис се задржува и на кожата.

- Реклама -