Најпознатата навивачка во Хрватска, Ивана Нол, повторно привлекува внимание со почетокот на Светското првенство. Огнената Хрватка, која стекна популарност за време на Светското првенство во Русија во 2018 година, а светска слава доби за време на Катар 2022, сега доби официјална улога од ФИФА за Светското првенство во 2026 година.
Ивана Нол ќе биде задолжена за забава на навивачите пред и по натпреварот помеѓу Бразил и Мароко, што ќе се одржи во првото коло од групната фаза.
Иако натпреварот ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, официјални фан зони ќе бидат организирани на многу места низ Америка, вклучувајќи и Лос Анџелес, во легендарниот „Ла Меморијал Колосеум“.
Таму, Ивана ќе ги забавува навивачите со музика и ќе биде официјален диџеј пред и по натпреварот.
Бразил спаѓа меѓу фаворитите за Светското првенство и нема сомнение дека ќе уживаат во огромна поддршка од навивачите. Дури два милиони Бразилци живеат во САД, па сигурно ќе бидат присутни на стадионите каде што ќе се одржуваат натпреварите, а и во фан зоните, каде ќе можат да ги следат натпреварите преку видео-бимови.
Секој кој ќе се појави во Лос Анџелес во Колосеумот, ќе има уникатна можност да ужива во хитовите на Ивана Нол, која неодамна ја објави својата песна за Светското првенство, наречена „Ние сме народот“.




