Поминува долго време пред некое навистина монденско место да се најде во понудата на туристичките агенции. Оние со длабок џеб и чувство на авантура ги откриваат новите рајски одмаралишта, а откако ќе ги видите може и да се потрудите и да посетите едно од нив.
Поминува долго време пред некое навистина монденско место да се најде во понудата на туристичките агенции. Оние со длабок џеб и чувство на авантура ги откриваат новите рајски одмаралишта, а откако ќе ги видите може и да се потрудите и да посетите едно од нив.
Çesme, Турција
Американците го нарекуваат Hamptons во Турција, само поинтересно. Убави вили, луксузни хотели и lounge клубови каде излегуваат и турските фудбалски ѕвезди. Јули и август е вистинското време за посета на ова место каде преку ден може да уживате на прекрасните плажи, а навечер да одберете еден од престижните барови и ресторани.
Formentera, Шпанија
Иако се наоѓа блиску до Ибица, нема ништо слично со својот сосед. Нема целоверчерни забави, нема гужва, а нема ни аеродром. Овде се доаѓа за опуштање, идиличното рустично опкружување веќе ги привлече богатите ѕвезди како
Kate Moss и
Jade Jagger. Ако сакате да лежите на прекрасен песок и да се релаксирате во некој од баровите на плажа без никакви турканици, тогаш Formentera е местото за вас.
Брегот на Либија
Верувале или не, Tripoli во Либија стана новата Havana. Но, овде не доаѓате за пури, туку за бескрајно долгите плажи, кафето со неверојатна арома, археолошките остатоци и новата архитектура.
Pantelleria, Италија
Омилената италијанска дестинација на пребирливите е опуштената Pantelleria, веројатно е доволно да се каже дека
Giorgio Armani има куќа овде. За престој се препорачува хотелот
Monastero каде се одмарале и
Madonna и
Sting. Во
Monastero се забележуваат дрвени ѕидови, глина и калдрма, сведоци за историјата на зградата која се смета за национално богатство. Сопственик на овој уникатен хотел е фотографот
Fabrizio Ferri, а освен изгледот примамлива е и локацијата, блиску до планинскиот дел, а на само 5 минути од плажата.
West Country, Англија
Во последните десет години овој дел од Англија се претвори во прибежиште на холивудските боеми како Gwyneth Paltrow, Kate Winslet и Jude Law. Тука ве очекуваат кристално чиста вода, сјајни плажи, заливи и карпести предели.
Stockholm, Шведска
Во летниот период времето во Шведска е подносливо, а ако сте расположени за шопинг и седенки во прекрасни ресторани овде изборот е неограничен. Ако може да си дозволите престој во новиот
Clarion Sign хотел вашето летување ќе биде незаборавно. Хотелот е дизајниран од најпознатиот шведски архитект
Gert Wingårdh, а ентериерот е фасцинантен спој на иконите на скандинавскиот дизајн Arne Jacobsen, Bruno Mathsson и Alvar Aalto. Самиот
хотел претставува галерија, насекаде во него се претставени скандинавски фотографи со своите црно-бели дела.