Најмалку 37 лица изгубија живот, а 30 се повредени во сударот на два автобуси во северниот дел на Танзанија, соопштија локалните власти денеска.
Инцидентот се случил синоќа во областа Сабасаба, во регионот Килиманџаро, а автобусите се запалиле при ударот.
Претседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на жртвите, како и до регионалниот комесар на Килиманџаро, Нурдин Бабу.
Таа истакна потребата од построго спроведување на безбедносните прописи во сообраќајот, а идентитетот на загинатите сè уште не е познат.
Смртоносните сообраќајни несреќи во Танзанија продолжуваат да бидат сериозен проблем, и покрај бројните владини кампањи за подобрување на безбедноста на патиштата.




