„Најк“ обвинет за двојно наплаќање на царинските трошоци

Граѓани поднесоа заедничка тужба против американската компанија за спортска опрема „Најк“, обвинувајќи ја за злоупотреби поврзани со царинските трошоци, коишто според нив, биле префрлени врз купувачите преку повисоки цени на производите. Тужбата е поднесена пред Федералниот суд во Портланд.

Купувачите тврдат дека „Најк“ неоправдано ги зголемил цените на некои модели патики за пет до десет долари, а цените на облеката за два до десет долари, со образложение дека на тој начин ги покрива трошоците од царините. „Најк“ не обезбедил никаква правно обврзувачка гаранција дека ќе им ги врати на потрошувачите дополнително наплатените средства, коишто ги оправдувал со зголемените царини.

Според подносителите на тужбата, ако судот не интервенира, компанијата би можела да ги наплати истите трошоци двапати – еднаш од потрошувачите преку повисоки цени, а вторпат од федералната влада преку поврат на царините. Во тужбата се истакнува дека „Најк“ не треба да ги задржи средствата добиени преку поскапувањето, бидејќи Врховниот суд на САД во февруари ги поништил царините коишто ги воведе бившиот претседател Доналд Трамп. Според информации, „Најк“ платил дополнителни една милијарда долари царини за увезена стока, како резултат на мерките воведени од неговата администрација.

Прочитајте и:  Уругински министер: Крим наскоро би можел да стане остров за Русите