Најголемата колекција од видео игри е продадена за 750.000 долари

Колекционерот на видео игри, Мајкл Томасон, ја продаде својата најголема колекција во која вложувал цели триесет години.

Колекцијата на Томасон е регистрирана во Гинисовата книга на рекорди во 2012 година со 10.607 видео игри, а од тогаш брои плус 400.

На новинарските прашања во врска со желбата на Томасон да основа една ваква колекција, тој одговара:

Во 90-тите години управував со седум продавници за видео игри. Од 1998 започнав да управувам и со Good Deals Games, па на тој начин илјадници игри поминуваа низ моите раце. Имав чест да ја разгледам секоја игра и да ја одберам најдобрата копија. Не само тоа, ги бирав и најдобрите кутии и прирачници. – Објаснува Томасон.

Прочитајте и:  Се враќаат ли мобилните видео игри? Ќе го предизвика ли Sony Nintendo?

Гинисовата колекција сега е продадена на он-лајн аукција на GameGavel за 750.000 долари.

IMG_2332-XL IMG_2322-XL IMG_2257-XL 557A9796-XL 557A1424c-XL 557A0078-XL

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -