„Најдоброто од Киненова“ вечерва започна со проекција на македонскиот филм „Исчезнатиот“, во режија на Арбен Тачи, а кинематографијата е дело на Владимир Самоиловски, кој е годинашен добитник на наградата за особени достигнувања во филмската уметност на фестивалот. По него, следеше српскиот филм „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, кој на јубилејното десетто издание на МФФ „Киненова“ доби награда за најдобро сценарио и најдобра режија.
– Имавме голема побарувачка од публиката за прикажување на филмовите кои беа дел од „Киненова“ во изминатите години, и со задоволство успеав да обезбедам права за нив. Од вечерва до сабота, сите заинтересирани ќе можат секој ден да ги гледаат во Кинотеката на Македонија. Особено сум радосен што имаме млада публика во салата, која верувам ќе ужива во најдоброто од оваа ревија, бидејќи планираме да прикажеме два филма кои се победници на „Киненова“ – „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ и „ПАНОПТУКОН“ на Георге Сикарулидзе. Спомнав и дебитантскиот филм „Таква каква што сум“ од добитникот на наградата за животно дело, Даг Јохан Хаугеруд, како и австрискиот филм „Среќен“ на Сандеп Кумар, изјави Небојша Јовановиќ, директор на МФФ „Киненова“.
Владимир Самоиловски присуствуваше на проекцијата и со задоволство сподели искуства од снимањето во разговорот со Гена Теодосиевска, уметнички директор на „Киненова“.
– Има зад себе над 120 играните и документарни филмови, телевизиски емисии и портрети, а е познат во филмската индустрија како една од ретките личности која знае како да им пријде и да им помогне на младите автори. Со овој филм уште еднаш му оддаваме почит за неговиот труд како кинематограф. Тајната што ја чуваме треба да знаеш кога и како да ја откриеш. Сите ние имаме желба да бидеме уникатни, но истовремено сакаме и да чуваме одредени аспекти од нашата личност. Не секогаш другите не прифаќаат такви какви што сме, но можеби умеат да го препознаат најдоброто во нас. Затоа очекувам дека и во оваа филмска продукција ќе можете да го чуете и почувствувате она што авторите сакаат да го пренесат, рече Гена Теодосиевска.
Самоиловски, во разговорот, сподели дека заедно со режисерот Тачи работеле на филм во 2007 година, а потоа немале контакти до моментот кога повторно го побарал за работа на овој проект.
– Лично, многу се радувам на овој филм. До сега добил четири награди, а јас во Турција добив награда за најдобар кинематографер. Сакам да работам на филмови и да помагам на млади автори. Се надевам дека ќе уживате во вечерва, изјави Самоиловски.




