Најдобриот стрелец во Словенија е петото засилување на Е. Пелистер за новата сезона.

Македонскиот ракометен клуб Е.Пелистер најави ново засилување за следната сезона.

Во редовите на пелистерци пристигнува младиот Малик Татар. Овој талентиран ракометар доаѓа од Словенија и во последната сезона беше најдобриот стрелец во својот домашен шампионат.

Татар потпиша договор на две години со македонскиот клуб и неговото официјално претставување ќе се одржи на стартот на подготовките за новата сезона.

Со ова, Татар е петото засилување за екипата на Лино Червар за сезоната 2025/26, покрај Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

„Со својот потенцијал и особини, Малик привлече интерес од неколку европски клубови. Наше е задоволството да потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер“, изјавија од клубот.

Прочитајте и:  Македонскиот Културен Информативен Центар во Загреб доби признание од најугледната фолклорна манифестација во Хрватска.