Фудбалскиот клуб Аталанта го заврши својот настап во Лигата на шампионите по двомечот со Клуб Бриж, каде што вкупно беa поразени со 5:2. Сепак, овој дуел ќе се памети не само по резултатот, туку и по несекојдневниот инцидент што го предизвика капитенот Рафаел Толој.
Имено, италијанскиот дефанзивец во завршните минути од средбата се обиде да ја упати топката кон противничкиот играч, но на негово изненадување, се сопна и падна, предизвикувајќи смеа кај присутните на стадионот. Само неколку моменти подоцна, реагирајќи бурно, тој фаулираше играч од Бриж, што не остана незабележано од главниот арбитер Феликс Цвајер, кој веднаш му покажа директен црвен картон.
Белгискиот претставник уште во првиот дел успеа да оствари убедливо водство од 3:0, додека Аталанта, и покрај напорите, не успеа целосно да се врати во игра. Единственото намалување на резултатот го донесе Адмола Лукман, но неговиот обид да реализира од белата точка не беше успешен, бидејќи голманот Симон Мињоле го одбрани неговиот пенал, осигурувајќи му пласман на Бриж во осминафиналето.




