Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки:
„Добре вече од преубавата Мошница, од општина Македонска Каменица, нашата мала Швајцарија на истокот.
Денеска сме тука со единствена цел – да испратиме порака за продолжување на континуитетот на промените кои ги започнавме во 2021 година на локално ниво.
Она што можам да го кажам е дека заедно со граѓаните, односно жителите на овие населени места, разговаравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат. Ова е важно за да знаеме какви проекти да вклучиме во програмата на идниот градоначалник и Совет за општина Македонска Каменица.
Владата на Република Македонија продолжува да ја поддржува нашата македонска маја. Македонска Каменица, во текот на минатата година, успеа да привлече инвестиции над милион евра благодарение на нашата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Овие средства ќе бидат вложени во инфраструктурни проекти, комунални услуги и патна инфраструктура, сé за подобрување на условите за живот на жителите на овие краишта.“




