За помалку од 24 часа, 731 мигрант, вклучувајќи многу семејства и деца, пристигнаа на островите Крит и Гавдос, информираше грчкиот весник „Катимерини“.
„Засолништето во Агија беше испразнето од оние што пристигнаа на 5 јуни, а сега повторно е полно“, изјави Елена Зервудаки, заменик-градоначалничка за социјална политика во Ханија на Крит. Повеќето од мигрантите потекнуваат од Египет, Судан, Еритреја и Пакистан, кои тргнале од Тобрук во Либија.
Весникот истакнува дека дипломатските тензији со Либија ја отежнуваат соработката во врска со миграциските прашања.
Поради тоа, пристигнувањето мигранти од Турција на егејските острови драстично се зголеми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди германскиот канцелар Фридрих Мерц дека последиците од нападите во Израел би можеле да влијаат на регионот и Европа по однос на миграцијата.




