Општина Берово обезбеди средства во износ од 1.025.046 денари за изградба на пристапната улица “2“ со крак, во рамките на иницијативите за имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите, под покровителство на Министерството за транспорт. Улицата, која ќе се простира на приближно 115 метри, ќе биде поплочена со бекатон плочки. Според градоначалникот на Берово, Петар Ружински, оваа инвестиција ќе придонесе за подобрување на условите за …




