Набргу ново проширување на лекови од позитивната листа, најави премиерот Мицкоски

Според премиерот Мицкоски, Владата вложува напори за заштита на интересите на граѓаните, но е неопходно да се направат корекции во однесувањето на поединци во здравствениот сектор.

„Работите што ги преземаме во здравствениот сектор не се случувале со години, дури и со децении. Вклучувајќи го и проширувањето на позитивната листа, очекуваме во наредниот период нови позитивни вести за македонските граѓани, со нови лекови што ќе бидат додадени на позитивната листа. Меѓутоа, мораме да бидеме свесни дека нашиот здравствен систем е сериозен предизвик за сите нас и треба да се однесуваме со соодветно внимание. Ако продолжиме да го исцрпуваме здравствениот систем на актуелен начин, а истовремено очекуваме квалитетни услуги, тоа е невозможно. Ние, како Влада, ќе направиме сè што е во наша моќ за да ги заштитиме интересите на граѓаните и државата, но исто така очекуваме одговорно однесување од страна на сите. Не можеме да функционираме како поединци. Во здравството, на пример, се водат дежурства за 31 работен ден во февруари со работа од 24 часа, а истовремено да се очекува инвестиција во овој сектор. Треба многу повеќе да сме свесни за општиот интерес и интересите на граѓаните“, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Прочитајте и:  На денешен ден пред 13 години се основаше „Темпера“ - супергрупата која донесе свежа енергија во македонскиот рок.