Во рамките на првото издание на Саемот на албанската книга „Скопје 2026“, се одржа свечена церемонија за доделување на книжевните награди. На овој настан беа признати авторите, истражувачите и преведувачите за нивниот придонес во развојот на албанската книжевност и култура.
Наградата за „Најдобра проза“ ја доби Намик Докле за својот роман „Ниту едно тропање на небото“, додека наградата за „Најдобра поезија“ му припадна на Ресул Шабани за делото „Подарен сон“. Наградата за „Најдобар превод“ ѝ беше доделена на Ана Кове, а Кујтим Шала беше одликуван со наградата за „Најдобра студија“ за своето дело „Епот на Албанците“. Ровена Рожани ја освои наградата за „Најдобра книга за деца“ за нејзината книга „Тајната скриена во книгите“.
За време на церемонијата беа доделени и две посебни признанија: Наградата за животно дело на писателот и издавач Абдулах Зенели, како и Специјалната награда постхумно за поетесата и научничка Линдита Ахмети, во знак на почит кон нивното значајно творештво и културно наследство. Оваа свеченост сјајно ја заокружи третиот ден од Саемот и потврди дека книгата и книжевното творештво остануваат важен дел од современиот културен живот.




