Жител на Алјаска, Американецот Тајлер Иваноф, најде порака во шише напишана на 20 јуни 1969 и објави фотографија на социјалните мрежи, замолувајќи некој да му го преведе текстот на руски јазик.
„Срдечен поздрав од морнарите на бродот „Сулак“ на Руската далекоисточна флота. Ако ја најдете оваа порака ве молиме да го испратете писмото на адреса Владивосток 43, за Далекоисточната флота, за сите членови на посадата на бродот „Сулак“. Ви посакуваме многу здравје, долг живот и мирно море“, стои во пораката.
Бродот „Сулак“, инаку, е изграден во бродоградилиштето на Јокохама 1966 година, а трајно е повлечен од експлоатацијата 1992 година.