Германскиот истажувачки брод „Поларна ѕвезда (Polarstern)„ исплови кон север, какде ќе биде стациониран една година од каде што ќе ја прати и анализира климата на Северниот пол.
Бродот исплови минатиот петоко, на најголемата научна експедиција на Арктикот.
За тоа време, стотици научници ќе се променат на бродот што ќе служи како база за климатските истражувања.
Толпа народ присуствуваше на испраќањето на „Поларна ѕвезда“ минатиот петок од норвешкото пристаниште. Бродот во првата фаза од својата мисија ќе ја прати и мразокршачот „Академик Федоров“.
Тие се упатија кон сибирскиот дел на Арктикот, каде треба да го најдат најсоодветното место за брод да се стационира. Мисијата беше лансирана како дел од проектот што ќе чини околу 130 милиони евра.
Покрај рускиот мразокршач, бродот ќе има и поддршка од мразокшачи од Шведска и Кина.
За време на најстудените зимски денови, кога бродовите не можат да го пробијат мразот, авиони и хеликоптери ќе достават се што ќе им биде потребно на екипажот на германскиот брод.