Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 17 декември 2025 година, ќе биде отворен посебен шалтер за системот „Безбеден град“ во Одделот за граѓански работи, сместен во зградата на МТВ во Скопје (приземје). Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот. Граѓаните ќе имаат можност да поднесат барање за измена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрацијата на возилата, доколку имаат пријавена промена или ако добиле известување со неточни податоци.
Ажурирањето на податоците ќе биде можечно и во станиците за технички преглед на возила ширум државата, каде што ќе биде присутен деташиран референт од МВР. Дополнително, граѓаните можат да испратат писмени забелешки, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“ на електронската адреса bezbedengrad@moi.gov.mk. Од МВР исто така информираат дека сите примени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел подобрување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.




