МВР влезе во Академијата за судии и обвинители – се одземаат податоци од компјутери, мобилни и досиеја

Акцијата, како што велат од МВР, е по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по наредба на судија на претходна постапка

Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево влезе во Академијата за судии и јавни обвинители, каде се одземаат електронски податоци од компјутери, а се прави и проверка на досиеја од веќе избрани судии и обвинитеи, информираат вечерва од МВР.

Акцијата, како што велат од МВР, е по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а по наредба на судија на претходна постапка.

„Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители“,

велат од МВР.

Оттаму посочуваат дека дејствијата во Академијата се се уште во тек.

- Реклама -