Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, изрази желба во иднина да ја предводи португалската фудбалска репрезентација.
„Сакам да бидам дел од Светското првенство, без разлика дали тоа ќе биде со Португалија или со друга репрезентација. Сепак, сметам дека тоа би требало да биде Португалија. Не се нудам на Португалската фудбалска федерација — сè треба да се случи природно. Верувам дека еден ден тоа ќе се оствари“, изјави Мурињо.
Светското првенство во 2030 година е планирано да се одржи од 13-ти јуни до 21-ви јули во Шпанија, Португалија и Мароко, а Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на по еден прв натпревар.




