Мурињо сака да се врати во Португалија
Главниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, изрази желба да се врати во својата родна Португалија, потврдува „Fichajes“.
Шеесет и двете години од животот му ја наметнуваат потребата да ја заврши својата работа во Турција и да се врати во татковината. Според информации, не е исклучена можноста да ја предводи португалската репрезентација или да се приклучи на некој од најдобрите клубови во земјата.
Мурињо ја води Фенербахче од летото 2024 година и под негово раководство, тимот од Истанбул оствари 35 победи и претрпе 9 порази во вкупно 62 натпревари.
Во својата сјајна кариерa, Мурињо управуваше и со клубови како Бенфика, Леира, Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.




