Муралот „Обој го Кочани“

Иницијативата за овој настан, поддржан од Европската Унија, е предводена од Локалниот младински Совет на Општина Кочани. Целта е активно вклучување на заедницата во локалните промени и уредување на јавните пространства во Кочани.

„Идејата за мурал на скалите е да се нагласи значењето на урбаната уметност. Муралите се важен дел од оваа уметност, бидејќи се реализираат во урбани средини кои често може да изгледаат запуштено поради прекумерна градба и непромислени одлуки. Муралот е совршен начин да се оживеат овие простори и да се направат поблиски до граѓаните. Веќе имаме голем интерес од младите, кои активно учествуваат и се запознаваат со процесот на создавање и уметничкото размислување“, изјави уметникот Михајлов-Пучо.

Граѓаните исто така имаат можност да се вклучат и да придонесат заедно во уметничкото разубавување на Кочани.

МИА