Муцунски: Разговорот со САД е потврда за понатамошно зајакнување на трансатлантските односи

Вториот Стратешки Дијалог на Македонија и САД

„Денес во Вашингтон предводам делегацијата на втората сесија на Стратешкиот дијалог помеѓу нашите две земји, која ја отворивме заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник од Бирото за европски и евроазиски прашања. Овој дијалог е важен формат за унапредување на билатералната соработка и потврда за нашето силно сојузништво и стратешко партнерство“, напиша министерот Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

Тој истакна дека акцентот на разговорите е ставен на клучни области, како што се глобалните и регионалните прашања, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка и дигиталната безбедност, како и зајакнувањето на граничната безбедност и справувањето со транснационалните закани.

„Втората сесија на Стратешкиот дијалог ја потврдува нашата определба за унапредување на мирот и безбедноста, како и за навлегување во длабочината на трансатлантските врски. Овој дијалог реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник со јасна посветеност кон заедничките вредности“, дополни Муцунски.

Во рамките на работната посета на Вашингтон, тој имал средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на која биле реафирмирани заедничките цели за силно и долгорочно партнерство.

„На средбата со Ландау, нагласивме важноста на безбедноста, слободата и демократскиот развој. Процесот на Стратешкиот дијалог е важен чекор кон унапредување на нашите односи“, пишува Муцунски.

Прочитајте и:  Ужас во Битола: татко осомничен за самозадоволување пред малолетниот син, додека гледал порнографија

МНР истакнува дека акцентот во наредниот период ќе биде ставен на операционализацијата на стратешкото партнерство, а биле идентификувани конкретни области за соработка во интерес на граѓаните на двете земји. На средбата се разговарало и за соработката во рамките на НАТО, зајакнување на економската соработка, енергетската безбедност и потребата од разноврсност на енергетските извори.

Исто така, било разменето мислење за ситуацијата во Западен Балкан и процесот на европска интеграција, со акцент на значењето на континуираната ангажираност на САД како фактор за регионална стабилност.

Муцунски ја предводи висока делегација на втората сесија на Стратешкиот дијалог, која е значајна платформа за унапредување на соработката во клучни области и потврда за долгогодишното сојузништво меѓу Македонија и САД.

Оваа нова сесија на Стратешкиот дијалог внесе свеж импулс за продлабочување и надградба на билатералното партнерство, поставувајќи јасен патоказ за соработката во иднина.

„Разговорите беа наменети за теми од областа на одбраната, енергетиката, економската соработка и културната интеграција, со акцент на димензиите од глобален и регионален контекст“, завршува соопштението од Министерството за надворешни работи.