На маргините на состанокот на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и економија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со својот колега од Турција, министерот Хакан Фидан, во Истанбул.
На оваа средба, разговарале за продлабочување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на можностите за инвестиции. Соговорниците исто така се осврнаа на поддршката на соработката во различни области од заемен интерес.
Министрите ја потврдија силната пријателска врска меѓу двете држави и тесната координација во рамките на НАТО, како и заемната поддршка во мултилатералните организации. Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички предизвици, со акцент на потребата од стабилен и просперитетен Балкан.
Оваа средба е дел од иницијативата на Балканската платформа за мир, која ја покрена министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.




