„ Mozzart и годинава продолжува со мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!“

По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата „Фудбалот е повеќе од игра“ на Mozzart пристигнува во Битола – град познат по својата спортска традиција и љубовта кон фудбалот. Новиот терен ќе го носи името на незаборавниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност оставил неизбришлива трага, инспирирајќи многу генерации.

Свеченото отворање ќе се одржи во петок, 12 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот. Локацијата е улица Крушевска Република бб, во спортскиот комплекс „Петар Милошевски“. Ова не е само отворање на терен – ова е вистински празник за спортот, младите и заедништвото.

Сите љубители на фудбалот, семејствата и младите се поканети да бидат дел од овој радосен момент и заедно да ја почувствуваме магијата на новиот почеток. Со секој ваков проект, Mozzart дополнително ја потврдужда својата искрена посветеност во поддршката на младите таленти, развојот на спортот и зајакнувањето на локалната заедница.

Фудбалот не е само резултат – тој е емоција, сила што нè зближува и нè учи дека заедно можеме да постигнеме големи работи. Да славиме иднина полна со радост, тимски дух и секој гол што ќе запали искра во очите на новата генерација. Фудбалот е повеќе од игра – тој е љубов, животна лекција во движење!