Мораме да сме поодлучни

Фудбалските играчи на Шкендија утре ќе го одиграат реванш дуелот од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите. Нивен домаќин ќе биде првакот на Азербејџан, екипата на Карабах. На прес-конференцијата, тренерот на тетовчани, Јетон Беќири, изјави:

– Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е состав со квалитет. Ние ќе го дадеме нашиот максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел, нашиот противник беше подобар, а ние примивме гол по наша грешка од пенал. На реваншот мора да бидеме поагресивни и повеќе да се фокусираме на нападот.

Натпреварот Карабах – Шкендија е закажан за утре во Баку, со почеток во 18 часот.