Според извори од „Спортс Илустрејтед“, Интер Мајами имал можност да го ангажира Лука Модриќ пред него да донесе одлука за трансфер во Милан, но американскиот клуб ја одбил понудата што неговиот менаџер ја упатил. Исто така, на клубот му биле понудени двајца познати играчи, Кевин Де Брујне и Нејмар, но и тие биле одбиени.
Модриќ имал желба да се приклучи на Интер Мајами, но по одбивањето, одлучил да продолжи во Милан.
„Покрај новите договори за клучните играчи, ко-сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, отворено зборуваше за можноста за ангажирање на уште еден играч. Според Гиљем Балаге, агентите на поранешната икона на Реал Мадрид, Модриќ, го предложиле клубот Интер Мајами и успеале да остварат контакт за потенцијален трансфер, откако станало јасно дека нема да остане во шпанскиот клуб. Сепак, не постигнат договор, па тој одлучи да се пресели во Милан“, се наведува во текстот.




