Модерен Робинсон Крусо спасен во Белото Море (видео)

СергејСергеј Гањушев, 25 годишник од Архангелск бил на неколку моменти од самоубиство по 16 дена поминати на изолиран пуст остров во Белото Море кога најден од спасувачкиот хеликоптер кој не го ни барал. Оваа куса верзија на романот на Даниел Дефо се случила недалеку од Соловки Архипелагот, 150 километри од Арктичкиот Круг.

Сергеј им кажал на спасувачите дека тој го напуштил Архангелск во дрвен чамец на 1 октомври за да собира морска трева, но во чамецот почнало да влегува вода и тој потонал во бура. Тој успеал да исплива до Малаја Сенука, едно од малите камени островчиња во областа. Таму тој преживеал на морска трева и дождовница, живеејќи во брзо составено живеалиште од камења и неколку штици. Тој рекол дека се откажал од потрага по бродови кои минуваат три дена пред спасувањето и се подготвувал да си го одземе животот кога хеликоптерот поминал над островот.

Прочитајте и:  Што сака Русија од израелско-иранската ескалација: Хаосот им одговара, но не и војна

{youtube}ZxXfLQfS1Hc{/youtube}

Кога го чул роторот тој успеал да стане и да им го привлече вниманието на луѓето во хеликоптерот. Никој не го пријавил Сергеј како исчезнат. Хеликоптерот барал преживеани од друга морска несреќа во која моторен чамец, на кој имало монах и работник од блискиот Православен Христијански манастир, потонал во близина на архипелагот минатиот четврток. Телото на монахот било откриено во понеделникот, но потрагата по работникот продолжува. Сергеј во меѓувреме добил храна и топол чај – како и медицински третман за недоволна исхрана и хипотермија.

- Реклама -