Поради големата несреќа предизвикана од пожарот во дискотеката во Кочани, Македонскиот народен театар објави дека сите претстави закажани за периодот од 17 до 22 март 2025 година нема да се одржат. Оваа одлука е донесена во чест на жртвите и поддршка на нивните семејства. Ова е време кога треба да се обединиме и да покажеме емпатија и солидарност кон оние на кои им е најпотребно. Пари за купените билети преку интернет ќе бидат вратени автоматски, додека парите за билетите купени на билетарницата ќе може да се добијат назад секој работен ден почнувајќи од 12:00 часот, стои во информацијата од МНТ.