Мизрахи: Нападите врз мене само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за тоа што сум дојдена

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска информира дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Тоа, според неа, говори дека досега Владата и Министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните.

– “Податоците што ги добивме од центрите за социјална работа се загрижувачки. Фактичката состојба е фрапантна. Од 8.500 поднесени барања во периодот од 1 јуни до 1 октомври 2019 година до вчера решени се само 1.589 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Според овие податоци, до вчера до 16 часот се поднесени 4.603 нови барања кои воопшто не се пуштени во процедура за решавање, а причината се уште не е позната. Тоа значи дека во оваа држава во овој момент има, не 8.500 туку 11.514 нерешени барања за надоместок за нега од друго лице,“ рече министерката Мизрахи.

Министерката нагласи дека многу од барањата се нерешени и дека се пробиени роковите за решавање на овие барања. Првичниот рок од  30 дена од поднесување на барањето и вториот рок од дополнителни максимум триесеттина денови доколку се работи за посложени предмети. Истакнувајќи дека ова не е прашање на политика, туку на егзистенција и помош на граѓани на кои им е потребна нега.

Мизрахи додаде дека нападите врз неа и нејзиниот личен интегритет само дополнително ќе ја охрабрат да се бори за тоа што е дојдена, а тоа е безусловното решавање на секој проблем што граѓаните го имаат.

Повеќе на Фокус

 

- Реклама -