Министерството за внатрешни работи: Од 20 до 31 јануари ќе се врши тестирање на камерите за надзор на сообраќајот во рамките на проектот „Безбеден град“.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20 до 31 јануари 2026 година ќе се реализираат тестирања, калибрации и верификации на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор во рамките на проектот „Безбеден град“. Овие активности ќе се изведуваат секој ден од 8 до 20 часот. За време на спроведување на тестирањето, возилата на локациите на поставените камери ќе бидат внимателно следени.