Министерот за здравство, Азир Алиу, денес имаше средба со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Северна Македонија.

На денешната средба беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на реформите во здравствениот сектор, поддршката од Европската унија и потпишувањето на договорот за учество на нашата земја во програмата EU4Health, кое ќе се одржи утре во Брисел. Влезот во EU4Health отвара важни можности за значително унапредување на здравствениот систем преку европските иницијативи, партнерства и стручна помош…