Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе биде во официјална посета на Париз, Франција. Таму ќе учествува на Парискиот сајбер самит, кој се смета за една од најзначајните меѓународни платформи посветени на теми како што се сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Ова го соопшти Министерството. Програмата на самитот ќе вклучува стратешки дискусии и работни сесии на важни теми за иднината на дигиталниот свет.



