Министерот Сулејмани ги посетува културните институции во Струга

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, ја посети Струга, каде што се запозна со работата на Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и Спомен-домот на браќата Миладиновци. За време на разговорите со директорите на овие установи, министерот ја разгледа нивната актуелна работа, програмите што ги спроведуваат, како и плановите за идните активности, заедно со потребите што произлегуваат за нивно понатамошно унапредување.